Изреки 23:10-18
Изреки 23:10-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Не преместувај стара меѓа и во нива на сираци не влегувај; зашто нивниот Заштитник е силен; Тој ќе се замеша во делото нивно против тебе. Насочи го срцето свое кон учење и ушите свои – кон умни зборови. Не оставај го детето без казна: ако го казниш со прачка, тоа нема да умре; ќе го казниш со прачка, и ќе ја спасиш душата негова од пеколот. Синко, ако твоето срце биде мудро, и моето срце ќе се радува; ќе се радува целото мое битие, кога твојата уста говори право. Срцето твое нека не им завидува на грешниците, туку биди во сите дни свои во стравот Господов; зашто има иднина, а твојата надеж не е загубена.
Изреки 23:10-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не преместувај ги старите меѓи и не навлегувај во нивата на сираците, зашто е моќен нивниот Заштитник, ќе го брани нивното право против тебе. Сврти го своето срце кон поуката и своето уво кон мудри зборови. Не лишавај му ја на детето опомената, зашто, ако го удриш со прачка, нема да умре; го биеш со прачка, ама му ја избавуваш душата од пеколот. Сине мој, кога ти е срцето мудро и јас се радувам од срце; и ќе воскликнува сета моја внатрешност, кога твоите усни зборувааат што е право. Нека твоето срце не им завиди на грешниците, туку нека секогаш ти биде во страв од Господа; зашто ќе имаш иднина, и твојата надеж нема да пропадне.