Изреки 21:1-4
Изреки 21:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Срцето на царот е во раката Господова, како водните потоци: Тој го насочува, каде што ќе посака. Сите патишта на човекот се прави пред очите негови; но Господ ги мери срцата. Да ја пазиш правдата и правосудието, Му е поугодно на Господ, отколку жртвите. Горделивите очи, надуеното срце, сјајот на грешник – сето тоа е грев.
Сподели
Прочитај Изреки 21Изреки 21:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Царевото срце е во рацете на Господа, како вода што тече; го води каде што сака. Секој пат е праведен за човекот во сопствените очи, а Господ го испитува срцето. Да се извршува правда и да се прави право помило Му е на Господа, отколку жртва. Издигнати очи и горделиво срце и светилка на нечесните, тоа е грев.
Сподели
Прочитај Изреки 21