Изреки 20:1-4
Изреки 20:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Виното е потсмевка, ракијата – бунтовник; и секој, кој им е потчинет, не е разумен. Заплашувањето од царот е како лавовско рикање: кој го дразни, греши против себеси. Чест е за човекот да се воздржи од кавга; а секој неразумен се вплеткува во неа. Мрзливиот наесен не ора, а кога доаѓа жетва, тој бара и ништо нема.
Сподели
Прочитај Изреки 20Изреки 20:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Виното е потсмевнувач, жестокиот пијалак буен; и кој им се оддава, не е разумен. Царевиот гнев е како лавско рикање; кој го предизвикува, греши против самиот себе. Чест е за човекот да се воздржи од препирка, а кој е безумен, ја почнува препирката. Мрзливиот несака да оре поради зимата, во времето на жетвата тој бара и ништо нема.
Сподели
Прочитај Изреки 20