Изреки 2:16-20
Изреки 2:16-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
за да те спаси од туѓа жена, која ги засладува зборовите свои, која го остава пријателот на младоста своја, и која го заборава заветот на својот Бог. Домот нејзин води кон смрт, и патеките нејзини – кон пеколот; никој од влезените кај неа не се враќа и не стапнува врз патот на животот. Затоа оди по патот на добрите и придржувај се кон патеките на праведните
Сподели
Прочитај Изреки 2Изреки 2:16-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
За да те избави од прељубница и од туѓинка, што ласка со зборови, која го остава пријателот на својата младост и го заборава заветот на својот Бог. Зашто куќата ѝ тоне во смрт, и нејзините патишта водат кон мртвите, кој влегува при неа, не се враќа никогаш, и не ги наоѓа повеќе патиштата на животот. Затоа, оди по патот на добрите и држи се за патеките на праведниците!
Сподели
Прочитај Изреки 2