Изреки 14:1-4
Изреки 14:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Мудрата жена си ја гради куќата, а глупавата ја урива со своите раце. Кој оди по прав пат, се плаши од Господ; на кого патиштата му се криви, тој Го презира (Господа). Во устата на безбожникот е камшикот на гордоста; а мудрите ги чува нивната уста. Каде што нема волови, амбарите се празни; а од силата на воловите има изобилно жито.
Сподели
Прочитај Изреки 14Изреки 14:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Мудрата жена го изградува нејзиниот дом, а лудата го разурнува со рацете. Кој живее од чесност, се бои од Господа, а кој оди по страничен пат, Го презира. Во устата на лудиот е прачката за неговата гордост, а мудроста ја пазат сопствените усни. Каде нема волови, јаслите се празни, а жетвата е изобилна од силата на воловите.
Сподели
Прочитај Изреки 14