Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 14:1-12

Изреки 14:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Мудрата жена си ја гради куќата, а глупавата ја урива со своите раце. Кој оди по прав пат, се плаши од Господ; на кого патиштата му се криви, тој Го презира (Господа). Во устата на безбожникот е кам­шикот на гордоста; а мудрите ги чува нивната уста. Каде што нема волови, амбарите се празни; а од силата на воловите има изобилно жито. Верен сведок не лаже, а лажливиот сведок шири многу лаги. Развратникот бара мудрост, и не ја наоѓа; а разумниот до знаењето лесно доаѓа. Бегај од безумен човек, кај него нема да најдеш разумна уста. Мудар човек внимава на своето однесување, неразумноста на глупавите ги води во заблуда. За глупавите гревот е шега, а со праведните е милоста Божја. Секој сам ги доживува своите таги и своите радости и никој друг не може со него да ги сподели. Куќата на беззакониците ќе се сотре, а живеалиштето на праведните ќе преуспее. Има патишта, кои на човек му изгледаат прави, но крајот нивни води во смрт.

Изреки 14:1-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Мудрата жена го изградува нејзиниот дом, а лудата го разурнува со рацете. Кој живее од чесност, се бои од Господа, а кој оди по страничен пат, Го презира. Во устата на лудиот е прачката за неговата гордост, а мудроста ја пазат сопствените усни. Каде нема волови, јаслите се празни, а жетвата е изобилна од силата на воловите. Вистинскиот сведок не лаже, а лажниот сведок шири лага. Потсмевачот бара мудрост и не ја наоѓа, а разумниот лесно доаѓа до знаење. Оди си од безумниот човек, зашто нема да запознаеш усни што зборуваат знаење. Мудроста на мудриот човек е во тоа: што внимава на својот пат, а глупоста на безумникот е заблуда. На лудите гревот им е шега, а среде праведните е Божјата наклонетост. Срцето ја познава својата душевна мака, и неговата радост не може да ја дели никој друг. Домот на нечесните ќе пропадне а живеалиштето на праведниците ќе процвета. Некој пат му се чини на човекот прав, а на крајот води кон смртта.