Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 4:8-13

Филипјаните 4:8-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

За крај, мои драги пријатели христијани, стремете се кон она што е вистинито, чесно и праведно; она што е невино, љубезно, на добар глас, вредно и ценето. Применете го во практика она што го научивте и добивте од мене, било слушајќи ме што зборувам, било гледајќи ме како постапувам, па Бог, Кој е извор на мир, ќе биде со вас. Господ ми даде голема радост што по толку долго време вие пак имавте можност да покажете дека се грижите за мене. Не дека престанавте да се грижите за мене, туку немавте можност да го покажете тоа. Не го кажувам ова затоа што бев во беда. Се научив да бидам задоволен со тоа што го имам. Знам како да живеам и во сиромаштија и во изобилие. Ја научив таа тајна, па сега секогаш и секаде сум задоволен, без разлика дали сум сит или гладен, дали имам многу или малку. Со силата што Христос ми ја дава можам да издржам секакви услови.

Филипјаните 4:8-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете! И она што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа правете го, – и Бог на мирот ќе биде со вас! Јас се зарадував необично многу во Господ, зашто најпосле расцветавте во вашата грижа за мене; вие и порано се грижевте за мене, но немавте згодна пригода. Ова го велам не поради скудност од нешто, бидејќи се научив да се задово­лувам со она што го имам. Знам да живеам и во скудност, знам да живеам и во изобилство; научен сум на сѐ и сешто, и сит да бидам, и глад да трпам, и во изобилие да сум и во не­маштија. Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи.