Филипјаните 4:2-7
Филипјаните 4:2-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Еводија и Синтихија, ве молам обидете се да се усогласите во работата за Господ. Те молам и тебе, мој верен соработнику, помогни им. Тие многу работеа со мене на ширењето на Радосната вест, заедно со Климент и со многу други мои соработници чии имиња се запишани во Божјата книга на живите. Радувајте му се на вашето заедништво со Господ, постојано радувајте се! Бидете внимателни спрема сите, луѓето по тоа да ве знаат. Господ брзо ќе дојде. Немојте да се јадосувате за ништо, туку во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно и бидете благодарни за она што го добивате. Ако правите така, тогаш Божјиот мир, кој е далеку над она што човек може да го разбере, ќе ги чува вашите срца и умови, поради вашата припадност на Исус Христос.
Филипјаните 4:2-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ја молам Еводија, ја молам и Синтихија да бидат едномислени во Господ; а те молам и тебе, искрен сотрудниче, помагај им на оние што се грижеа во Евангелието заедно со мене и со Климент и со другите мои сотрудници, чии имиња се во Книгата на животот. Радувајте се секогаш во Господ, и пак ќе речам: радувајте се! Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу! За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања, и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос.
Филипјаните 4:2-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ја молам Еводија и ја молам Синтихија да бидат едномислени во Господа. Да, те молам и тебе, верен другар, помагај им, зашто заедно со мене се трудеа во проповедањето на Евангелието, и со Климент, и со другите мои соработници, чии имиња се во Книгата на животот. Радувајте се секогаш во Господа! Пак велам: радувајте се! Вашата кротост да им биде позната на сите луѓе! Господ е близу. Не грижете се за ништо, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност искажувајте ги своите просби пред Бога! И Божјиот мир, што го надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Христа Исуса.