Филипјаните 4:18-20
Филипјаните 4:18-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сега, откако Епафродит ми ги предаде даровите што сте ми ги испратиле, имам се што ми треба, дури и повеќе. Тие се како принос за Бог со прекрасна миризба, жртва прифатлива и пријатна за Него. Со сето Негово огромно богатство, преку Исус Христос, мојот Бог изобилно ќе ја задоволи секоја ваша потреба. На нашиот Бог и Татко слава нека Му е довека! Амин.
Филипјаните 4:18-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Добив сѐ и имам во изобилие, се пренаполнив со блага, кога го примив од вас испратениот дар преку Епафродит, кој е мирис сладок, жртва пријатна, благоугодна на Бога. Мојот Бог, по Своето богатство, нека ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Христос Исус. А на Бога, нашиот Отец, слава во вечни векови. Амин!
Филипјаните 4:18-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Примив сѐ и имам сѐ во изобилство. Полн сум откако примив од Епафродит што ми испративте - благопријатен мирис, жртва пријатна благоугодна на Бога. А мојот Бог ќе ја исполни славно секоја ваша потреба, според Своето богатство - во Христа Исуса. А на нашиот Бог, и Татко, слава во сите векови Амин!