Филипјаните 4:15-17
Филипјаните 4:15-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Вие во Филипи, добро знаете дека кога заминав од Македонија, во раните денови на проповедањето на Радосната вест, вие бевте единствената црква што ми помагаше, единствените што го делеа со мене и доброто и злото. Кога бев во Солун, не еднаш ми испраќавте помош, кога таа ми беше потребна. Не барам јас подароци. Само сакам вие да добиете заслужена награда заради вашата грижа.
Филипјаните 4:15-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога отпатував од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас; зашто и во Солун, еднаш, и по вторпат ми пративте нужни работи. Ова го велам не дека сакам да ми давате, туку го барам плодот кој се умножува во ваша полза.
Филипјаните 4:15-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давање и примање, освен единствено вие. Вие ми испративте во Солун, еднаш и двапати, за моја потреба. Не како да барам подарок, туку го барам плодот што се умножува на ваша сметка.