Броеви 26:1-4
Броеви 26:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
По тој пораз Господ му рече на Мојсеј и на свештеникот Елеазар, син Аронов, велејќи: „Преброј го целото општество на синовите израелски од дваесет години нагоре, според семејствата нивни, сите способни за војување во Израел.“ И им рекоа Мојсеј и свештеникот Елеазар во рамнините моавски кај Јордан, спроти Ерихон, велејќи: „Пребројте ги сите од дваесет години и нагоре, како што заповеда Господ на Мојсеј и на синовите израелски, кога излегоа од египетската земја
Броеви 26:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
После тоа зло Господ им рече на Мојсеја и на Елеазара, синот на свештеникот Арон: „Извршете попис на сето општество на Израелевите синови, по нивните семејства, запишете ги сите, од дваесет години па нагоре, кои се способни за војна во Израел.“ И така, Мојсеј и свештеникот Елеазар ги изброија, во Моавските Полиња, покрај Јордан близу Ерихон, сите од дваесет години па нагоре, како што Господ им нареди на Мојсеја и на Израелевите синови, кои излегоа од Египетската Земја