Броеви 21:7-9
Броеви 21:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И дојде народот кај Мојсеј и рече: „Згрешивме кога се побунивме против Господ и против тебе; помоли Му се на Господ да ги отстрани од нас змиите.“ И Мојсеј се помоли за народот. И му рече Господ на Мојсеј: „Направи змија и закачи ја на стап, каснатиот штом ќе ја погледне, ќе остане жив.“ И направи Мојсеј бакарна змија и ја закачи на стап, и кога некоја змија ќе каснеше некој човек, тој штом ќе ја погледнеше бакарната змија, остануваше жив.
Броеви 21:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Народот дојде при Мојсеја и рече: „Згрешивме кога зборувавме против Господа и против тебе. Помоли Му се на Господа да ги отстрани змиите од нас!“ Мојсеј се помоли за народот, и Господ му рече на Мојсеја: „Направи отровница и стави ја на столб: секој кој ќе биде каснат, ќе остане жив ако ја погледне.“ Мојсеј направи змија од бронза и ја стави на столб. Кога лутицата ќе каснеше некого, ќе погледнеше во бронзената змија и оздравуваше.