Броеви 21:1-3
Броеви 21:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Еден од хананските цареви, – царот на Арад, кој живееше на југ, кога чу дека Израел доаѓа по патот откај Атарим, стапи во борба против Израелците и зароби неколкумина од нив. И се заколна Израел пред Господ, и рече: „Ако го предадеш овој народ во рацете мои, ќе фрлам проклетство врз него и ќе ги истребам градовите нивни, и ќе ги уништам.“ Господ го чу гласот на Израел и ги предаде Хананците во рацете негови, и падна проклетство врз нив, и градовите негови ги опусти, а местото го нарече: Хорма.
Броеви 21:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Царот на Арад, Хананец, кој живееше во Негев, чу дека Израел доаѓа по Атаримскиот Пат, па се нафрли врз Израел и зароби неколку од нив. Тогаш Израел вака Му се заветува на Господа: „Ако го предадеш во мои раце овој народ, наполно ќе ги разурнам неговите градови.“ Господ го послуша гласот на Израел и му ги предаде Ханаанците. А Израел ги уништи нив и нивните градови со „истребување“. Затоа она место беше наречено Орма (Проклетство).