Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 14:22-30

Броеви 14:22-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

затоа сите оние што ја видоа славата Моја и делата Мои што ги извршив во Египет и во пустината, и Ме иску­шуваа веќе десетпати, и не го послушаа гласот Мој, нема да ја видат земјата што со клетва им ја ветив на предците нивни; сите оние што Ме огорчуваа, нема да ја видат; но Мојот слуга Халев, поради тоа што во него имаше друг дух, и затоа што Ми беше наполно верен, него ќе го воведам во земјата, во која тој отиде, и неговото потомство ќе ја наследи. Амаликијците и Хананците живеат во долината; затоа утре вратете се и одете во пустината кон Црвеното Море!“ И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи: „До кога овој лош народ ќе негодува против Мене? Јас го слушам негодувањето на синовите израелски што го упатуваат против Мене. Кажи им: Жив сум Јас, вели Господ – како што вие Ми говоревте во ушите Мои, така ќе ви направам и Јас вам; во оваа пустина ќе паднат телата ваши, и сите вие преброени, колку што сте на број, од дваесет години и нагоре што се буните против Мене, нема да влезете во земјата, во која Јас со крената рака решив да ве населам, освен Халев, Јефунеовиот син, и Исус, Навиновиот син

Броеви 14:22-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Сите кои ги видоа: Мојата слава и знаците што ги направив во Египет и во пустината, па сепак ме искушуваа десетпати не сакајќи да го послушаат Мојот глас, нема да ја видат земјата што со заклетва им ја ветив на нивните татковци; сите, кои Ме презираат, нема да ја видат. А Мојот слуга Халев, зашто во него беше инаков дух и зашто ми беше послушен, Јас ќе го воведам него во земјата во која влезе, и неговите потомци ќе ја наследат! (Амаликците и Ханаанците живеат во долината). Вратете се утре и тргнете кон Црвеното Море.“ Уште Господ им рече на Мојсеја и Арона: „До кога тоа лукаво општество ќе ропта против Мене? Ги чув оптужбите што Израелевите синови ги подигаат против Мене. Кажи им: ‘Жив Сум Јас, вели Господ, како што зборувавте во Моите уши, така и ќе ви сторам. Вашите мртви тела ќе паднат во оваа пустина: на сите вас што сте запишани во кој и да е попис од дваесет години нагоре, кои викавте против Мене. Нема да влезете во земјата, против која ја дигнав Мојата рака, за да ве населам во неа, освен Халев, синот Ефониев, и Исус синот Навинов.