Броеви 1:47-54 - Compare All Versions
Броеви 1:47-54 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А левитите меѓу нив не беа броени според татковите им племиња. И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Само Левиевото колено не пребројувајте го и не мешајте го со синовите на Израел; но на левитите довери им ја скинијата на собранието, сите нејзини принадлежности и сѐ што е во неа: тие нека ја носат скинијата и сите нејзини принадлежности и да служат во неа, и околу скинијата да бидат распоредени; а кога ќе треба да се пренесува скинијата, левитите да ја креваат, и кога ќе треба да се застане, левитите да ја симнат; ако, пак, до неа пристапи некој од друго племе, да биде убиен. Синовите израелски треба да бидат распоредени секој во својот логор, секој кај своето знаме, во својата чета. А левитите да се сместат околу скинијата на собранието, за да не падне гнев врз општеството на синовите израелски; левитите да стојат на стража при скинијата на собранието.“ И направија синовите на Израел сѐ: онака како што му заповеда Господ на Мојсеј, така направија.
Броеви 1:47-54 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Меѓу нив не беа вброени левитите по поколенијата на нивните татковци. Имено, Господ му рече на Мојсеја: „Само Левиевото племе не го внесувај во пописот на Израелците. Туку ти самиот одреди ги левитите за служба во Шаторот на Сведоштвото; за сиот негов намештај и сѐ што спаѓа во него; тие нека го носат Шаторот и сиот негов прибор; тие нека служат во него и нека го поставуваат својот логор околу него. Кога Шаторот треба да биде преместен, левитите нека го разглобат; а кога Шаторот треба да застане, левитите нека го подигнат пак. Странец кој ќе му се доближи нека биде погубен. Израелевите синови нека ги оптегнуваат своите шатори секој во својот логор; секој при своето знаме, по чети. Левитите нека престојуваат околу Шаторот на Сведоштвото, за да не падне гнев врз Израелевото општество. Така левитите нека чуваат стража околу Шаторот на Сведоштвото.“ Израелците направија така како што Господ му нареди на Мојсеја. Така направија во сѐ.