Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 10:28-33

Неемија 10:28-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Малух, Харим, Баана. И другиот народ, свештеници, левити, вратари, пејачи, слуги на хра­мот и сите што беа минале од туѓите народи кон законот Божји, жените нивни, синовите нивни, ќерките нив­ни, сите што можеа да разберат, се присоединија кон браќата свои, кон најчесните од нив, и се обврзаа со заклетва и проклетство дека ќе поста­пуваат по Божјиот закон, даден преку раката на Божјиот слуга Мој­сеј, и дека ќе ги пазат и извршуваат сите заповеди на Господ, нашиот Бог, и повелбите Негови, и наредбите Негови. И да не ги даваат ќерките свои на туѓи народи, и нивните ќерки да не ги земаат за синовите свои; и кога туѓите народи ќе донесат стока за продавање во сабота, да не купуваат од нив во сабота или во друг свет ден, и на седмата година да не се работи земјата и да се проштеваат се­какви долгови. И си поставивме за закон да дава­ме од себе по една третина од шекел го­дишно за потребите на домот на на­шиот Бог

Неемија 10:28-33 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Но и другиот народ, свештениците, левитите - вратари, пејачите, нетинците - и сите, кои според Божјиот Закон се оддвоиле од земните народи, а и нивните жени, синови и ќерки сите, кои беа способни да разберат, им се приклучија на своите браќа и на главатарите та се обврзаа со проклетство и со заклетва дека ќе одат според Божјиот Закон, кој е даден преку рацете на Мојсеј, Божјиот слуга, и дека ќе ги пазат и ќе ги извршуваат сите заповеди на Господа, на нашиот Бог, Неговите наредби и закони. И особено: дека нема да им ги даваме нашите ќерки на земните народи, и дека не ќе ги земаме нивните ќерки за своите синови. И ако народите на земјата донесат стока или какво и да е жито во саботен ден, ние не ќе купуваме ништо од нив во сабота, ни во друг посветен ден. Секоја седма година ќе ја оставаме земјата да си почине, и ќе ги проштаваме долговите од секаков вид. Зедовме како обврска: дека секоја година ќе даваме третина од шекел за богослужба во Домот на својот Бог: за лебни приноси, за постојаните приносници и за секојдневните паленици за жртвите: саботни, на младата месечина, на празниците, за светите нешта и за жртви за грев за да се очисти Израел; и за секоја служба во Домот на нашиот Бог.