Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Наум 3:1-8

Наум 3:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тешко му на крвничкиот град! Тој е полн со измама и убиства; грабењето не престанува во него. Се слуша плускање на бичеви и трескот од тркала како и од потскокнување на бојни коли. Коњаниците потскокнуваат, болскаат мечеви и светкаат копја. Многу убиени и купишта трупови! На трупо­вите им нема крај; и се сопнуваат од нив. Сето тоа е за многуте блудствувања на убавата на изглед развратница, веш­та во магии, која со блудот свој заведува народи, а со магиите – племиња. Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, ќе ја кренам полата од твојата облека врз твоето лице и ќе им ја покажам на народите твојата голотија, и на царствата – срамотиите твои. Ќе нафрлам врз тебе нечистотии, ќе те направам презрена, и ќе те направам за срам. И секој, штом ќе те види, ќе побегне од тебе и ќе рече: „Разурната е Нине­вија! Кој ќе ја пожали? Каде да најдам утешител за тебе?“ Зар си подобра од Но-Амон, кој ле­жи меѓу речните ракави на Нил; чиј окоп е морето, и тоа му служеше како ѕид.

Наум 3:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тешко му на крвничкиот град, полн е со лаги и грабеж; тој не прекратува со ограбувањето! Слушајте! Плускање на бич; слушајте! Тропање на колца; коњите се издигаат, колите потскокнуваат, коњаниците јаваат, мечевите блескаат, копјата светкаат, многу ранети, мнозинство мртви, трупови до недоглед, се сопнуваат на трупови! Тоа сето е заради многуте разврати на блудницата, на милата љубовница, господарката на магии, која со својот разврат ги продава народите и племињата со своите вражања. „Еве Ме! Против тебе,“ говори Господ над Војските. „Ќе ги подигнам, преку твоето лице, скутовите на твојата облека, ќе им ја покажам твојата голота на народите, твојот срам на царствата. Ќе фрлам смет врз тебе, ќе те засрамам, ќе те ставам за приказ. Секој кој ќе те види, ќе бега од тебе, и ќе рече: ‘Нинивија, каква урнатина! Кој може да ја пожали?’ Каде да барам тешители за тебе?“ Зар не си подобра од Амоновата Теба, која лежеше меѓу водите на Нил, со води опкружена, морето беше нејзин пред ѕид водите беа нејзин ѕид?