Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 7:1-13

Марко 7:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Се собраа кај Него фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим. И кога видоа дека некои од Не­го­ви­те ученици јадат леб со нечисти, односно со немиени раце, ги укорија. (Зашто фарисеите и сите Јудејци, држејќи го преданието на старите, не јадат, дури не ги измијат рацете до лактите; и кога ќе се вратат од пазар, не ја­дат, дури не се измијат; и уште многу друго има што примиле и го држат; ми­ење чаши, чинии, котли и столови.) Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на ста­рите, но со неизмиени раце јадат леб?“ А Тој им одговори и рече: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‚Овој народ со уста Ме почитува, но срцето им е да­ле­ку од Мене; но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘ Зашто, вие, оставајќи ја Божјата за­повед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“ И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите ва­шето предание. Зашто Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.‘ А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: она, со кое би можел да те издржувам е корбан, односно, прилог е‘, тогаш таквиот не го оставате веќе ништо да стори за својот татко или за својата мајка, престапувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; многу такви слични работи вр­шите.“

Марко 7:1-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Околу Исус се насобраа неколку фарисеи и вероучители, дојдени од Ерусалим. Тие забележаа дека Исусовите ученици не го практикуваат ритуалното миење на рацете пред јадење. Имено, фарисеите, па и сите Евреи, држејќи се до преданијата од своите предци, не седнуваат да јадат додека ритуално не си ги измијат рацете до лактите; кога се враќаат од пазар, не јадат додека ритуално не се измијат, а се држат и до многу други преданија, како што се ритуалното миење чаши, стомни и други садови. Затоа, фарисеите и вероучителите Го прашаа Исуса: „Зошто Твоите следбеници не постапуваат според преданијата од старите и седнуваат да јадат без ритуално да си ги измијат рацете?“ Исус им одговори: „Лицемери! Убаво рекол за вас Бог, преку пророкот Исаија: ,Овој народ Ме почитува со устата, но срцето му е далеку од Мене! Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи како да се Мои заповеди!‘ Вие ги оставивте Божјите заповеди, а ги чувате човечките преданија! Лукаво ги укинувате Божјите заповеди за да ги чувате своите преданија! Зар Мојсеј не ви заповеда да ги исполнувате обврските спрема своите родители, и со смрт да го казните оној што ќе ги проколне мајка си или татко си? А вие ги учите луѓето дека е доволно да го ветат својот имот на црквата, како подарок за Бог, со што ќе се ослободат од обврската да се грижат за своите родители! Значи, укинувате Божја заповед за да ги воведете своите преданија! И многу други вакви работи правите!“

Марко 7:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Се собраа кај Него фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим. И кога видоа дека некои од Не­го­ви­те ученици јадат леб со нечисти, односно со немиени раце, ги укорија. (Зашто фарисеите и сите Јудејци, држејќи го преданието на старите, не јадат, дури не ги измијат рацете до лактите; и кога ќе се вратат од пазар, не ја­дат, дури не се измијат; и уште многу друго има што примиле и го држат; ми­ење чаши, чинии, котли и столови.) Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на ста­рите, но со неизмиени раце јадат леб?“ А Тој им одговори и рече: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‚Овој народ со уста Ме почитува, но срцето им е да­ле­ку од Мене; но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘ Зашто, вие, оставајќи ја Божјата за­повед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“ И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите ва­шето предание. Зашто Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.‘ А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: она, со кое би можел да те издржувам е корбан, односно, прилог е‘, тогаш таквиот не го оставате веќе ништо да стори за својот татко или за својата мајка, престапувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; многу такви слични работи вр­шите.“

Марко 7:1-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И се собраа околу Него фарисеите и некои од книжниците, кои беа дошле од Ерусалим, и видоа дека некои од неговите ученици јадат леб со нечисти, односно неизмиени, раце. Зашто фарисеите и сите Јудејци - држејќи се до преданијата на старите - не јадат, ако не ги измијат рацете до лактите; и кога ќе се вратат од пазар, не јадат, ако не се измијат. И има уште многу друго, што го примиле да го одржуваат: миење на чаши, врчви, бакарни садови и столови. И така, фарисеите и книжниците Го прашаа; „Зошто Твоите ученици не живеат според преданијата на старите, туку јадат леб со неизмиени раце?“ А Тој им рече: „Добро пророкуваше Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‘Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене; напразно Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки повелби.’ Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото предание. Вие добро ја укинувате - продолжи Тој - Божја-та заповед, за да го држите вашето предание!“ Имено, Мојсеј рече: ‘Почитувај ги татка си и мајка си!’ и ‘Кој ќе го проколне татка си и мајка си, да биде казнет со смрт!’ А вие велите: ‘Ако некој рече на татка си или на мајка си: Она што можам да ти помогнам е ветено, односно жртвен дар,’ не го оставате веќе да направи што и да е за својот татко и за својата мајка. И така го укинувате Божјото слово со своето предание, што вие го воспоставивте, и правите многу други работи слични на ова.“