Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 16:2-7 - Compare All Versions

Марко 16:2-7 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгрева­ше сонцето, па си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?“ И кога погледнаа, видоа дека ка­ме­нот е одвален, а тој беше многу голем. Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се упла­шија многу. А тој им рече: „Не плашете се! Вие Го барате Исус од Назарет, Распнатиот. Тој воскресна, не е овде! Еве го местото каде што беше положен. Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петар дека Тој пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.“

Сподели
Марко 16 MK2006

Марко 16:2-7 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Во раните зори на Неделата, при изгрејсонце, тие се упатија кон гробницата. Одејќи, почнаа да се прашуваат: „Како ќе го тргнеме каменот од отворот на гробницата?“ Но кога втасаа таму и погледнаа, забележаа дека тешкиот камен е веќе отстранет! А каменот беше навистина голем! Жените влегоа во гробницата и на десната страна видоа седнат еден млад човек во долга бела облека. Многу се исплашија! Но ангелот им рече: „Не плашете се! Вие го барате Назареќанецот Исус, Кој беше распнат. Тој воскресна и не е овде! Еве го местото каде што беше положено Неговото тело. Одете и кажете им на Неговите ученици, и особено на Петар: ,Исус ќе ве чека во Галилеја. Таму ќе Го видите, како што ви беше кажал!‘“

Сподели
Марко 16 MNT

Марко 16:2-7 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

И многу рано, во првиот ден на седмицата, дојдоа на гробот кога изгреваше сонцето. И си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го одмести каменот од вратата на гробот?“ И кога погледаа, видоа дека каменот е одместен. Имено, беше многу голем. А кога влегоа во гробот, видоа младич во долга бела облека, како седи оддесно и се зачудија. Но тој им рече: „Не бојте се! Вие Го барате распнатиот Исус Наза-реецот. Воскресна! Не е тука! Еве го местото, каде што Го положија. Туку одете и кажете им на Неговите ученици, и на Петра; дека ‘Тој отиде пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви рече.’“

Сподели
Марко 16 MKB