Михеј 5:1-5
Михеј 5:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој ќе владее во Израел и чие потекло е од почетокот, од вечноста. Затоа Тој ќе ги остави до времето додека роди онаа, која треба да роди; тогаш кај синовите Израелови ќе се вратат и нивните други браќа. Ќе застане Тој и ќе ги пасе со силата на Господ, со величието на името Господово, својот Бог и тие ќе живеат во мир, зашто тогаш Тој ќе биде велик до краиштата на земјата. И Тој ќе биде мирот. Кога ќе дојде Ашур во нашата земја и ќе стапи во нашето владение, тогаш ние против него ќе поставиме седум пастири и осум народни кнезови. Тогаш тие ќе ја завладеат земјата Ашурова со меч, и земјата на Нимрод со сабја, и Тој ќе нѐ избави од Ашур, ако дојдат во нашата земја и влезат во пределите наши.
Михеј 5:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Собери се сега во чети, ќерко на четите! Опколени сме и опсадени сме, со палка го удираат по лицето Израелевиот Судија. „А ти, Витлеему Ефрато, најмалиот меѓу Јудините кнезови, од тебе ќе ми излезе Оној Кој ќе владее со Израел; Неговото потекло е од дамнини, од вечните времиња.“ Затоа Господ ќе ги остави додека не роди таа која има да роди. Тогаш ќе се врати Остатокот на неговите браќа кај Израелевите деца. Тој ќе се исправи, ќе го изведува на пасење своето стадо со Господова сила, со величеството на името на својот Бог. Тие ќе живеат во мир, зашто тој ќе ја распростре Својата власт сѐ до земните краеви. Тој - Тој е мир! Ако Асирците навлезат во нашата земја, ако стапат во нашите дворци, ќе подигнеме против нив седум пастири, осум народни кнезови.