Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Михеј 1:2-8

Михеј 1:2-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Чујте, сите народи, внимавај, земјо, и сѐ што те исполнува! Сведок нека е против вас Господ Бог, Господ од Сво­јот свет храм! Зашто Господ, ете, излегува од Своето место, ќе слезе и ќе оди по земните височини, и планините ќе се топат под Него, долините ќе се растопат како восок од оган, како водата што се излева низ стрмнини. И сето тоа ќе стане поради прес­тапите на Јаков, поради гревот на Изра­еловиот дом. Кој му е гревот на Јаков? Нели е тоа Самарија? Кои ѝ се идолските светилишта на Јудеја? Нели е тоа Ерусалим? Затоа од Самарија ќе направам купишта урнатини во полето, место за садење лози; ќе ги сринам камењата нејзини во долина и ќе ѝ ги разголам основите. И сите нејзини резани ликови ќе се строшат и сите нивни дарови од блуд – со оган ќе бидат изгорени: сите идоли ќе ги разурнам; со дарови од блуд ги правела, и пак ќе бидат дарови од блуд. Поради тоа ќе заплачам и ќе заридам, ќе одам бос и гол, ќе вијам како чакал, ќе врискам како ној

Михеј 1:2-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Чујте, народи, вие сите! Слушај земјо и сѐ што те исполнува! Господ Бог ќе сведочи против вас - Господ од Својот свет Храм! Зашто, еве: Господ излегува од Своето свето место, слегува и оди по земските височини. Горите се растопуваат под Неговите чекори и долините се распукуваат под Неговите чекори и долините се распукуваат како восок пред оган, како водата што се разлева низ стрмнината. Сѐ е тоа Јакововото злосторство и за гревовите на Израелевиот дом. Кое е Јакововото злосторство? Не е ли Самарија? Кои се Јудините високи места? Не е ли Ерусалим? „Ќе направам од Самарија грутки куп во полето, на место за садење лозје. Ќе ги растркалам нејзините камења во долината, ќе ѝ ги откријам основите. Ќе се искршат на парчиња сите нејзини резани ликови, сета блудничка плата ќе ѝ биде изгорена со оган, ќе ги запустам сите нејзини идоли, зашто се насобрани од блудничка плата, и пак ќе се вратат на блудничка плата.“ Затоа ќе плачам и ќе заридам, ќе одам гол и необлечен, ќе вијам како шакалите, ќе пискам како ноевите.