Матеј 9:23-25
Матеј 9:23-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа, Исус пристигна во куќата на началникот. Кога ги виде погребните музичари и избезумените луѓе, им рече: „Тргнете се, зашто девојката не е мртва, туку спие!“ А тие Му се подбиваа. Кога луѓето излегоа надвор, Исус влезе, ја фати девојката за рака и таа стана.
Матеј 9:23-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога дојде Исус во куќата на началникот и ги виде свирачите и народот ожалостени, им рече: „Излезете надвор, зашто девојката не е умрена, туку спие.“ А тие Му се потсмеваа. Но штом го истера народот, Тој влезе, ја фати девојката за рака и таа стана.
Матеј 9:23-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога Исус дојде во куќата на началникот, ги виде свирачите и народот како вика, и рече: „Отстранете се, зашто девојчето не е умрено, туку спие.“ И тие Му се потсмевнуваа. Откако го истера народот, влезе и ја фати за рака, и девојчето стана.