Матеј 9:1-2
Матеј 9:1-2 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Качувајќи се на бротчето, Исус одново отплови преку езерото и се врати во својот град Кафарнаум. Таму луѓето Му донесоа на носила еден парализиран човек. Кога Исус ја виде нивната вера, му се обрати на парализираниот: „Не плаши се, синко, гревовите ти се простуваат!“
Сподели
Прочитај Матеј 9Матеј 9:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Тој влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна во Својот град. И ете, донесоа кај Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му рече: „Не плаши се, чедо! Ти се простуваат гревовите твои!“
Сподели
Прочитај Матеј 9Матеј 9:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И откако влезе во коработ, премина и дојде во Својот град. И ете, Му донесоа фатен, кој лежеше на постела. А кога Исус ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Охрабри се, синко. Ти се простуваат твоите гревови.“
Сподели
Прочитај Матеј 9