Матеј 8:26-27 - Compare All Versions
Матеј 8:26-27 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
А Тој им рече: „Што сте се исплашиле? Колку ви е мала верата!“ Потоа стана и им заповеда на ветрот и на брановите да запрат; и настапи длабока тишина. Учениците останаа вчудовидени и шепотеа: „Кој е овој човек, Кому и ветровите и брановите Му се покоруваат!?“
Сподели
Матеј 8 MNTМатеј 8:26-27 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А Тој им рече: „Зошто сте толку плашливи, маловерни?“ Потоа стана, им се закани на ветровите и на морето, и настана голема тишина. А луѓето се зачудија и рекоа: „Кој е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат?“
Сподели
Матеј 8 MK2006Матеј 8:26-27 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И им рече: „Зошто се боите, маловерни?“ Тогаш стана, ги прекори ветровите и морето, и настана голема тишина. А луѓето се зачудија и рекоа: „Каков е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат!?“
Сподели
Матеј 8 MKB