Матеј 8:24-26
Матеј 8:24-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Одеднаш, езерото го зафати силна бура и бротчето беше во опасност да потоне под удар на моќните бранови. А Исус беше заспал. Учениците дојдоа да Го разбудат, викајќи: „Господе, спасувај, гинеме!“ А Тој им рече: „Што сте се исплашиле? Колку ви е мала верата!“ Потоа стана и им заповеда на ветрот и на брановите да запрат; и настапи длабока тишина.
Матеј 8:24-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И ете, голема бура го зафати морето, така што брановите го покриваа коработ, а Тој спиеше. Тогаш се приближија учениците до Него, Го разбудија и рекоа: „Господи, спаси нѐ, загинуваме!“ А Тој им рече: „Зошто сте толку плашливи, маловерни?“ Потоа стана, им се закани на ветровите и на морето, и настана голема тишина.
Матеј 8:24-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И ете, голема бура се подигна во морето, така што брановите го покриваа коработ; а Тој спиеше. И Му пристапија учениците и Го разбудија, велејќи: „Господи, спаси нѐ! Загинуваме!“ И им рече: „Зошто се боите, маловерни?“ Тогаш стана, ги прекори ветровите и морето, и настана голема тишина.