Матеј 8:14-17
Матеј 8:14-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа Исус отиде во куќата на Својот ученик Петар и таму ја најде тештата на Петар која лежеше болна, со треска. Тој ђ ја допре раката и треската ђ помина; таа веднаш стана и Го послужи. Вечерта, кај Исус доведуваа голем број луѓе обземени со демонски духови, а Тој само со збор ги истеруваше демоните и ги исцелуваше сите болни. Со тоа се исполнуваше претскажаното од пророкот Исаија: „Тој ни исцели од нашите болки и ни оздраве од нашите болести“
Матеј 8:14-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога дојде во домот на Петар, Исус ја виде тештата негова како лежи болна од треска, и се допре до раката нејзина, и треската ѝ помина; таа стана и им служеше. А кога се стемни, доведоа кај Него мнозина обземени од демони, и Тој со еден збор ги изгони духовите и ги излекува сите болни, за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Тој врз Себе ги зеде нашите немоќи и ги понесе болестите.“
Матеј 8:14-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога Исус дојде во Петровиот дом, ја виде неговата тешта како лежи болна од треска. Ја допре раката нејзина, и треската ја оста-ви, и таа стана и им служеше. А кога настапи вечер, Му доведоа многу опфатени од демони. Тој со збор ги истера духовите и ги исцели сите болни. За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Тој ги зеде нашите слабости и ги понесе нашите болести.“