Матеј 8:1-4
Матеј 8:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Исус слезе од ридот, голема толпа народ одеше по Него. Тогаш, еден човек заболен од лепра Му се приближи, клекна на колена и рече: „Господе, ако сакаш, Ти можеш да ме исцелиш!“ Исус ја испружи својата рака, го допре и му рече: „Сакам, оздрави!“ Во истиот миг, човекот беше излекуван од лепрата. Тогаш, Исус му рече: „Не кажувај никому, туку оди веднаш на преглед кај свештеникот, а потоа принеси дар како што е пропишано според Мојсеевиот Закон, за да се увери јавноста.“
Матеј 8:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога се симна од гората, по Него врвеше многу народ. И ете, се приближи еден лепрозен. Му се поклонуваше и говореше: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ А Исус кога ја подаде раката, се допре до него и рече: „Сакам, очисти се!“ И тој веднаш се очисти од лепрата. И му рече Исус: „Гледај, никому да не кажеш; а оди, покажи им се на свештениците и принеси дар, како што заповедал Мојсеј, ним за сведоштво.“
Матеј 8:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога слезе од гората, големо мноштво Го следеше. И ете, еден лепрозен Му пристапи и падна пред Него ничкум, велејќи: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ Тогаш Исус ја испружи својата рака и го допре, велејќи: „Сакам! Биди очистен!“ И веднаш се очисти неговата лепра. И Исус му рече: „Гледај, никому да не му кажеш, туку оди, покажи му се на свештеникот и принеси го дарот, што го заповедал Мојсеј, ним за сведоштво.“