Матеј 6:28-30
Матеј 6:28-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
И зошто се грижите за облекувањето? Погледнете како растат полските цвеќиња: тие не се трудат, ниту предат, па сепак, ви велам дека ни царот Соломон во својата најголема слава не беше накитен како еден полски цвет! А, кога Бог така ја облекува полската трева, која денес ја има, а веќе утре в оган се фрла, зар Тој нема и вас да ве облече? Колку мала вера имате!
Матеј 6:28-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зошто се грижите и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава не се облече така, како еден од нив. Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе ќе стори за вас, маловерни!?
Матеј 6:28-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зошто се грижите и за облеклото? Погле-днете ги полските лилјани како растат; не се трудат, ниту предат; а Јас ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече како еден од нив. И, ако Бог ја облекува така полската трева, што денес е, а утре ја фрлаат во печка, нема ли многу повеќе вас, маловерни?