Матеј 6:22-24
Матеј 6:22-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Очите се светилка за телото; ако ти се здрави очите, целото тело ќе ти биде осветлено; ако, пак, очите не ти се добри, целото тело ќе ти биде затемнето. Значи, ако тоа што во тебе треба да е светлина, всушност е темнина, колку ли е црна темнината!? Никој не може да им служи на двајца господари: или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази, или пак едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бога и на парите.
Матеј 6:22-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде здраво и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?“ „Никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон.
Матеј 6:22-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Светилото на телото е окото. И така, ако твоето око е бистро, целото твое тело ќе биде осве-тлено; но ако твоето око е лукаво, целото твое тело ќе биде те-мно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, колкава ќе биде темнината!“ “Никој не може да им служи на два господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите на Бога и на мамона.“