Матеј 6:20-22
Матеј 6:20-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
туку напластувајте си богатство на небото, каде што ни молци ни ’рѓа го уништуваат, ниту пак крадци провалуваат и крадат. Зашто, каде што ви е богатството, таму ќе ви биде и срцето. Очите се светилка за телото; ако ти се здрави очите, целото тело ќе ти биде осветлено
Матеј 6:20-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат. Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.“ „Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде здраво и целото твое тело ќе биде светло
Матеј 6:20-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што кра-дци не поткопуваат и крадат; зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце.“ “Светилото на телото е окото. И така, ако твоето око е бистро, целото твое тело ќе биде осве-тлено