Матеј 6:2-3 - Спореди ги сите верзии
Матеј 6:2-3 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И така, кога даваш милостина не разгласувај, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда. А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната
Матеј 6:2-3 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
А кога давате милостини, не трубете насекаде, како што тоа го прават лицемерите по синагогите и по улиците. Тие го прават тоа за да бидат пофалени од луѓето. Ве уверувам дека друга награда за нив ќе нема! А ти, кога ќе даваш милостини, твојата лева рака да не знае што дала десната
Матеј 6:2-3 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И така, кога правиш милостина, не труби пред себе, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да бидат славени од луѓето. Вистина ви велам, ја имат својата награда. А ти, кога правиш милостина, нека не ти знае левицата, што ти прави десницата