Матеј 5:33-37
Матеј 5:33-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Познато ви е и тоа, дека во Мојсеевиот Закон на вашите предци им било заповедано вака: ,Не кршете ги своите заклетви; исполнувајте го тоа што сте го ветиле пред Господа!‘ Јас, пак, ви велам: ,Не заколнувајте се воопшто: ни во небото, зашто тоа е Божји престол; ни во Земјата, зашто таа е подножје на Неговите нозе; ни во Ерусалим, зашто тој град е на Великиот Цар; ни во својата сопствена глава, зашто не можете да создадете ни едно црно или бело влакно; кажете само ,Да‘ или ,Не‘; а секакво заколнување покрај ова е поттикнато од Злиот.‘“
Матеј 5:33-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Сте го слушале уште и тоа дека им било речено на старите – ‚Не колни се криво, а заклетвите пред Господ исполнувај ги.‘ Јас, пак, ви велам: не колнете се воопшто – ниту во небото, зашто тоа е престол Божји; ниту во земјата, зашто таа е подножје на нозете Негови; ниту во Ерусалим, зашто е град на великиот Цар. Не колни се ни во главата своја, зашто не можеш ниту едно влакно од косата своја да направиш бело или црно. Но зборот ваш да биде: ‚да‘, ‚да‘, или ‚не‘, ‚не‘, а сѐ што е повеќе од тоа, од лукавиот е.“
Матеј 5:33-37 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Уште сте чуле, дека им било речено на старите: ‘Не нарушувај ја клетвата, а исполнувај ги пред Господа своите клетви.’ А Јас ви велам: не колнете се никако; ниту во небото, зашто е Божји престол; ниту во земјата, зашто е подно-жје на Неговите нозе; ниту во Ерусалим, зашто е град на вели-киот Цар. Не ќе се колниш ни во својата глава, зашто не можеш ниедно влакно да го направиш бело или црно! Туку вашиот збор нека биде: ‘да’, да - ‘не’, не! Што е повеќе од тоа, од лукавиот е.“