Матеј 5:23-26
Матеј 5:23-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Така, кога ќе носиш жртвен прилог на Божјиот олтар, ако се сетиш дека твојот ближен ти е лут за нешто, остави го твојот прилог таму пред олтарот и појди прво помири се со својот ближен, а потоа врати се и принеси го својот жртвен прилог. Со секој што сака да те тужи пред законот, потруди се брзо да се спогодиш, уште додека сте заедно на патот, за да не те тужи на суд, а судот да те предаде на стражарите кои ќе те фрлат в затвор. Те уверувам дека нема да излезеш оттаму додека до грош не си го исплатиш долгот!“
Матеј 5:23-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па оди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот. Измири се со противникот твој навреме, уште додека си на пат со него, за да не те предаде на судијата, а судијата – на служителот и да бидеш фрлен в затвор; вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, сѐ додека не ја дадеш и последната пара.“
Матеј 5:23-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така, ако принесуваш свој дар на олтарот и си спомниш таму дека брат ти има нешто против тебе, остави го таму својот дар пред олтарот, и оди првин помири се со брата си, па тогаш дојди и принеси го својот дар. Покажи бргу добра волја кон твојот противник, додека си уште со него на пат, за да не те предаде противникот на судијата, а судијата на служителот, па да те фрлат во темница. Вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, додека не го исплатиш и последниот кодрант.“