Матеј 5:13-16
Матеј 5:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Вие сте во улога на сол на Земјата; ако солта стане блуткава, како ќе ђ се врати солениот вкус? Таа ќе стане безвредна ќе биде фрлена да ја газат луѓето. Вие сте во улога на светлина на светот, како осветлен град изграден на врв планина, за сите да го гледаат. Никој не пали свеќа за да ја покрие со капак, туку ја става на свеќник, за да им свети на сите во куќата. Така и вие бидете светлина пред луѓето, нека видат добри дела во вас, па ќе Го слават вашиот небесен Татко.“
Матеј 5:13-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Вие сте солта на земјата. Но, ако солта го изгуби вкусот, со што ќе се соли? Таа веќе не е за ништо, освен да се фрли надвор и изгази од луѓето. Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен!“
Матеј 5:13-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Вие сте солта на земјата, но ако солта стане блуткава, со што ќе се осоли? Веќе нема сила за ништо, освен да биде фрлена надвор и луѓето да ја изгазат. Вие сте светлината на светот. Град кој лежи на рид, не може да се скрие; ниту се пали светило, за да се стави под житно мерило, туку на светилник, и им свети на сите кои се во куќата. Така нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Татко, Кој е во небесата.“