Матеј 5:10-12
Матеј 5:10-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Благословени се прогонуваните поради тоа што се справедливи, зашто ним им припаѓа небесното царство! Благословени сте и вие ако ве навредуваат и прогонуваат поради тоа што сте Мои следбеници и ако изнесуваат злобни лаги против вас. Радувајте се и ликувајте, зашто на небото ве чека голема награда; така беа прогонувани и Божјите пророци кои живееја пред вас.“
Матеј 5:10-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно! Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонуваат и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови – заради Мене! Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас.“
Матеј 5:10-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Бла-жени се оние кои се гонети заради правда, зашто е нивно царството небесно! Блажени сте кога ќе ве навредуваат и гонат и говорат лажно против вас, секакви лоши зборови, заради Мене. Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата, зашто така ги гонеа пророците, кои беа пред вас.