Матеј 5:1-6
Матеј 5:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Исус виде толку народ, се искачи на ридот, па откако седна, Му пристапија Неговите ученици и Тој започна да ги поучува вака: „Благословени се оние кои се чувствуваат духовно сиромашни, зашто на таквите им припаѓа небесното царство! Благословени се оние што тагуваат, зашто ќе бидат утешени! Благословени се кротките луѓе, зашто тие ќе бидат наследниците на Земјата! Благословени се луѓето кои се гладни и жедни за правда, зашто тие ќе бидат задоволени!
Матеј 5:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога го виде народот, Тој се искачи на гората. И штом седна, учениците Негови се приближија до Него. И откако ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше: „Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно! Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат! Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат!
Матеј 5:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога виде многу народ, се искачи на гората; и, откако седна, Му пристапија Неговите ученици, и кога ја отвори Својата уста ги поучуваше, велејќи: “Блажени се бедните во дух, зашто е нивно царството небесно! Блажени се оние кои тагуваат, зашто тие ќе бидат утешени! Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! Блажени се кои гладуваат и жедуваат за правда, зашто тие ќе се наситат!