Матеј 5:1-4
Матеј 5:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Исус виде толку народ, се искачи на ридот, па откако седна, Му пристапија Неговите ученици и Тој започна да ги поучува вака: „Благословени се оние кои се чувствуваат духовно сиромашни, зашто на таквите им припаѓа небесното царство! Благословени се оние што тагуваат, зашто ќе бидат утешени!
Матеј 5:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога го виде народот, Тој се искачи на гората. И штом седна, учениците Негови се приближија до Него. И откако ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше: „Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно! Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат!
Матеј 5:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога виде многу народ, се искачи на гората; и, откако седна, Му пристапија Неговите ученици, и кога ја отвори Својата уста ги поучуваше, велејќи: “Блажени се бедните во дух, зашто е нивно царството небесно! Блажени се оние кои тагуваат, зашто тие ќе бидат утешени!