Матеј 5:1-12
Матеј 5:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога го виде народот, Тој се искачи на гората. И штом седна, учениците Негови се приближија до Него. И откако ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше: „Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно! Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат! Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат! Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога! Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји! Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно! Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонуваат и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови – заради Мене! Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас.“
Матеј 5:1-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Исус виде толку народ, се искачи на ридот, па откако седна, Му пристапија Неговите ученици и Тој започна да ги поучува вака: „Благословени се оние кои се чувствуваат духовно сиромашни, зашто на таквите им припаѓа небесното царство! Благословени се оние што тагуваат, зашто ќе бидат утешени! Благословени се кротките луѓе, зашто тие ќе бидат наследниците на Земјата! Благословени се луѓето кои се гладни и жедни за правда, зашто тие ќе бидат задоволени! Благословени се милостивите луѓе, зашто тие ќе бидат помилувани! Благословени се луѓето со чисто срце, зашто тие ќе Го видат Бога! Благословени се миротворците, зашто тие ќе бидат прогласени за Божји деца! Благословени се прогонуваните поради тоа што се справедливи, зашто ним им припаѓа небесното царство! Благословени сте и вие ако ве навредуваат и прогонуваат поради тоа што сте Мои следбеници и ако изнесуваат злобни лаги против вас. Радувајте се и ликувајте, зашто на небото ве чека голема награда; така беа прогонувани и Божјите пророци кои живееја пред вас.“
Матеј 5:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога го виде народот, Тој се искачи на гората. И штом седна, учениците Негови се приближија до Него. И откако ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше: „Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно! Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат! Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат! Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога! Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји! Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно! Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонуваат и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови – заради Мене! Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас.“
Матеј 5:1-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога виде многу народ, се искачи на гората; и, откако седна, Му пристапија Неговите ученици, и кога ја отвори Својата уста ги поучуваше, велејќи: “Блажени се бедните во дух, зашто е нивно царството небесно! Блажени се оние кои тагуваат, зашто тие ќе бидат утешени! Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! Блажени се кои гладуваат и жедуваат за правда, зашто тие ќе се наситат! Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! Бла-жени се чистите во срце, зашто тие ќе Го видат Бога! Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови Божји! Бла-жени се оние кои се гонети заради правда, зашто е нивно царството небесно! Блажени сте кога ќе ве навредуваат и гонат и говорат лажно против вас, секакви лоши зборови, заради Мене. Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата, зашто така ги гонеа пророците, кои беа пред вас.