Матеј 4:23-25
Матеј 4:23-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус одеше по цела Галилеја, поучувајќи по синагогите, проповедајќи ја Радосната вест за Божјото царство и исцелувајќи секакви болести и заболувања кај луѓето. Гласот за Него се рашири дури и во Сирија и кај Него ги доведуваа сите заболени од разни болести, луѓе обземени со демонски духови, епилептичари и парализирани и Исус ги исцелуваше. По Него тргна голема толпа народ од покраините Галилеја и Декаполис, како и од Ерусалим, од Јудеја и од пределите источно од реката Јордан.
Матеј 4:23-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И одеше Исус по цела Галилеја поучувајќи по синагогите, проповедајќи го Евангелието на Царството и лекувајќи секаква болест и немоќ кај народот. Па се разнесе глас за Него по цела Сирија и ги доведуваа кај Него сите болни, нападнати од различни болести и страдања, опседнати од демони, месечари, фатени, а Тој ги оздравуваше. И по Него одеше многу народ од Галилеја, Десеттоградието, Ерусалим и Јудеја, отаде Јордан.
Матеј 4:23-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Исус обиколуваше по цела Галилеја, учејќи во нивните синагоги и проповедајќи го Еванге-лието за царството, и лекувајќи секаква болест и секаква немоќ меѓу народот. И се разнесе глас за Него по цела Сирија; и ги доведуваа при Него сите болни, кои страдаа од разни болести и маки, опфатени од демони, месечари и фатени, и ги излечи. И Го сле-деше големо мноштво од Галилеја и Десеттоградието, од Ерусалим и Јудеја, и отаде Јордан.