Матеј 3:7-10
Матеј 3:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но кога Јован виде дека кај него доаѓаат да се крстат и голем број фарисеи и садукеи, им рече: „Змиски рожби! Кој ве предупреди, та бегате од Божјиот гнев што доаѓа!? Докажете на дело дека навистина сте се покајале! Не залажувајте се со тоа што сте потомци на Авраам, зашто, ви велам, Бог може и од овие камења да направи Авраамови потомци! Божјата секира е веќе замавната и в корен ќе го пресече и в оган ќе го фрли секое дрво што не раѓа добар плод.
Матеј 3:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А штом виде Јован дека кај него доаѓаат мнозина фарисеи и садукеи за да се крстат, им рече: „Рожби змиини! Кој ви кажа да бегате од гневот што иде? Направете плод достоен за покајание и немојте да говорите во себе: ‚Наш татко е Авраам‘, зашто Бог може, ви велам, и од овие камења да му подигне чеда на Авраам. Секирата веќе лежи до коренот на дрвото: зашто секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.
Матеј 3:7-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Штом виде многу фарисеи и садукеи дека доаѓаат да ги крсти, им рече: „Породи змијски, кој ве предупреди да бегате од гневот што доаѓа? Затоа, принесувајте плодови достојни на покајание, и не мислете да речете во себеси: Авраам е наш татко, зашто ви велам, Бог може од овие камења да му издигне чеда на Авраама. Секирата веќе лежи при коренот на дрвјата; затоа секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.