Матеј 3:4-6
Матеј 3:4-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Јован носеше облека исплетена од камилски влакна, а околу појасот носеше кожен ремен; се хранеше со скакулци и див мед. Кај него доаѓаа луѓе од Ерусалим, од цела Јудеја и од сите предели по долината на реката Јордан. Тие ги исповедаа своите гревови, а тој ги крштаваше во реката Јордан.
Матеј 3:4-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Јован носеше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините, а храната му се состоеше од скакулци и див мед. Тогаш од Ерусалим и цела Јудеја и од целиот Јордански крај доаѓаа кај него и се крштаваа од него во реката Јордан, исповедајќи ги своите гревови.
Матеј 3:4-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А сам Јован имаше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините; а скакулците и дивиот мед му беа храна. Тогаш излегуваа кон него: Ерусалим, цела Јудеја и целата Јорданска околина, и тој ги крштаваше во реката Јордан, а тие ги исповедуваа своите гревови.