Матеј 3:13-16
Матеј 3:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во тоа време, од Галилеја дојде Исус да се крсти кај Јован, во реката Јордан. А Јован го одвраќаше, велејќи Му: „Ти треба да ме крстиш мене, а не јас Тебе!“ Но Исус му рече: „Така треба да биде сега, зашто ние треба да исполнуваме си што е правилно.“ Тогаш Јован се согласи и Го крсти. И тукушто се крсти Исус и излегуваше од водата, наеднаш небото се отвори и Јован го виде Божјиот Дух, во облик на гулаб, како слегува и се спушти над Исус.
Матеј 3:13-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан кај Јован за да биде крстен од него. А Јован Го одвраќаше, велејќи: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти кај мене ли доаѓаш!?“ Но Исус му одговори и рече: „Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.“ Тогаш Јован се сложи. И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата и Го виде Духот Божји како слегува како гулаб и се спушта над Него.
Матеј 3:13-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него. А Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?“ А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“ Тогаш тој Му позволи. А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него.