Матеј 3:1-4
Матеј 3:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во тоа време, во јудејската пустина започна да проповеда Јован Крстител. Неговата порака беше: „Покајте се, зашто небесното царство се приближува!“ Тој е човекот што беше претскажан од пророкот Исаија со зборовите: „Глас одекнува низ пустината, кој вели: ,Пригответе пат за доаѓањето на Господ, исправете го патот за Него!‘“ Јован носеше облека исплетена од камилски влакна, а околу појасот носеше кожен ремен; се хранеше со скакулци и див мед.
Матеј 3:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во тие дни дојде Јован Крстител, кој проповедаше во Јудејската пустина и говореше: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно.“ Зашто ова е, навистина, Оној за Кого говореше пророкот Исаија, кој вели: „Гласот на оној, што вика во пустината: ‚Пригответе го патот на Господ и исправете ги патеките Негови!‘“ А Јован носеше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините, а храната му се состоеше од скакулци и див мед.
Матеј 3:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во тие дни дојде Јован Крсти-тел и проповедаше во пустината Јудејска, велејќи: “Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“ Зашто тој е оној, за кого пророкот Исаија рече: „Гласот на оној, кој вика во пустината: Пригответе го патот на Господа, направете ги прави Неговите патеки! А сам Јован имаше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините; а скакулците и дивиот мед му беа храна.