Матеј 3:1-3
Матеј 3:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во тоа време, во јудејската пустина започна да проповеда Јован Крстител. Неговата порака беше: „Покајте се, зашто небесното царство се приближува!“ Тој е човекот што беше претскажан од пророкот Исаија со зборовите: „Глас одекнува низ пустината, кој вели: ,Пригответе пат за доаѓањето на Господ, исправете го патот за Него!‘“
Матеј 3:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во тие дни дојде Јован Крстител, кој проповедаше во Јудејската пустина и говореше: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно.“ Зашто ова е, навистина, Оној за Кого говореше пророкот Исаија, кој вели: „Гласот на оној, што вика во пустината: ‚Пригответе го патот на Господ и исправете ги патеките Негови!‘“
Матеј 3:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во тие дни дојде Јован Крсти-тел и проповедаше во пустината Јудејска, велејќи: “Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“ Зашто тој е оној, за кого пророкот Исаија рече: „Гласот на оној, кој вика во пустината: Пригответе го патот на Господа, направете ги прави Неговите патеки!