Матеј 27:51-53
Матеј 27:51-53 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во тој миг, завесата во храмот се расцепи на два дела озгора додолу. Земјата се тресеше и карпите распукнуваа! Гробници се отворија и телата на голем број починати праведници воскреснаа! Тие излегоа од гробниците и по Исусовото воскресение дојдоа во светиот град и им се покажаа на многу луѓе.
Матеј 27:51-53 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И наеднаш се расцепи завесата на храмот на две – од горе до долу; и земјата се затресе; и карпи паднаа. И гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа; па кога излегоа од гробовите, по воскреснувањето Негово, влегоа во светиот град и им се јавија на мнозина.
Матеј 27:51-53 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И ете! Завесата во Храмот се расцепи надве, одозгора додолу, и земјата се стресе, и карпите се распукаа, а гробовите се отворија, и воскреснаа многу тела на упокоени свети; и излегоа од гробовите по Неговото воскресение, влегоа во Светиот Град и се јавија на мнозина.