Матеј 27:3-4 - Спореди ги сите верзии
Матеј 27:3-4 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тогаш Јуда, што Го предаде, кога виде дека е Тој осуден, се покаја и им ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и старешините, велејќи им: „Згрешив, зашто предадов невина крв!“ А тие му одговорија: „Што ни е грижа нам за тоа? Мисли му ти!“
Матеј 27:3-4 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Кога предавникот Јуда разбра дека Исус е осуден на смрт, кај него се јави грижа на совеста, па им ги врати триесетте сребреници на свештеничките поглавари и на старешините, изјавувајќи: „Згрешив, бидејќи предадов невин човек!“ Но тие му одговорија: „Што имаме ние со тоа? Тоа си е твоја работа!“
Матеј 27:3-4 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тогаш Јуда, кој Го пре-даде, откако виде дека Го осудија, се покаја и ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и на старешините; велејќи: „Згрешив, зашто предадов невина крв.“ А тие му рекоа: „Што ни е нам? Гледај ти!“