Матеј 27:26-31
Матеј 27:26-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш Пилат им го ослободи Бараба, а на своите војници им нареди да Го камшикуваат Исуса и потоа да Го распнат на крст. Тогаш војниците на гувернерот Го воведоа Исуса во дворот и околу Него се насобра цела чета војници. Тие Му ја соблекоа горната облека и Му облекоа црвена наметка. Исплетоа венец од трње и Му го ставија на главата, а во десната рака Му ставија една трска. Потоа паѓаа пред Него на колена и Му се подбиваа, велејќи Му: „Здраво, еврејски царе!“ Го плукаа и со трската Го удираа по главата. Откако доволно се изнашегуваа со Исус, Му ја симнаа црвената наметка и повторно Му ја облекоа Неговата горна облека. Потоа Го поведоа на распнување.
Матеј 27:26-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш им го пушти Варава, а Исус, откако Го камшикуваа, Го предаде да биде распнат. Потоа војниците на управникот Го зедоа Исус во судницата и ја собраа целата чета околу Него, па, откако Го соблекоа, Му облекоа багреница; исплетоа трнов венец, Му Го кладоа на главата и Му дадоа во десната рака трска; и паѓајќи на колена, Му се потсмеваа и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ И плукаа на Него и со трската Го удираа по главата. А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ги облекоа Неговите алишта и Го поведоа на распнување.
Матеј 27:26-31 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш им го пушти Варава, а Исуса Го бичува и Го предаде да Го распнат. Тогаш војниците на управителот Го одведоа Исуса во преторијата и ја собраа целата чета околу Него. Го соблекоа и Го наметнаа со црвена наметка; исплетоа трнов венец и Му го положија на главата и трска во Неговата десница; па коленичеа пред Него и Му се потсмеваа, велејќи: „Здраво, јудејски Царе!“ И плукаа на Него, ја зедоа трската и Го удираа по главата. Откако Го исмеаја, ја соблекоа од Него црвената наметка и Го облекоа во Неговата облека и Го одведоа да Го распнат.