Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 26:69-75

Матеј 26:69-75 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

За тоа време Петар седеше надвор, во дворот. Една слугинка му пријде и му рече: „И ти беше со Галилеецот Исус!“ Но тој пред сите одрекуваше, велејќи: „Не е точно тоа што го тврдиш!“ Кога Петар се упати кон вратата, го виде уште една слугинка и им рече на оние што седеа таму: „И овој човек беше со Исус од Назарет!“ Петар повторно одрече и дури се заколна, изјавувајќи: „Не го познавам тој човек!“ Малку подоцна, некои од оние што стоеја таму се доближија до Петар и му рекоа: „Навистина, и ти си еден од нив! И говорот твој те издава!“ Но Петар почна да се колне и да ги уверува: „Јас не го познавам тој човек!“ Во тој момент запеа петел. Тогаш Петар се сети на Исусовите зборови: „Уште пред петлите да запеат, ти трипати ќе одречеш дека си Мој следбеник.“ Потоа излезе надвор и горко заплака.