Матеј 26:69-74
Матеј 26:69-74 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
За тоа време Петар седеше надвор, во дворот. Една слугинка му пријде и му рече: „И ти беше со Галилеецот Исус!“ Но тој пред сите одрекуваше, велејќи: „Не е точно тоа што го тврдиш!“ Кога Петар се упати кон вратата, го виде уште една слугинка и им рече на оние што седеа таму: „И овој човек беше со Исус од Назарет!“ Петар повторно одрече и дури се заколна, изјавувајќи: „Не го познавам тој човек!“ Малку подоцна, некои од оние што стоеја таму се доближија до Петар и му рекоа: „Навистина, и ти си еден од нив! И говорот твој те издава!“ Но Петар почна да се колне и да ги уверува: „Јас не го познавам тој човек!“ Во тој момент запеа петел.
Матеј 26:69-74 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Петар седеше надвор во дворот. И се приближи до него една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Галилеецот!“ Но тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш!“ А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исус од Назарет!“ Но тој пак се одрече со заклетва: „Не Го познавам Човекот!“ Малку потоа се приближија оние што стоеја таму и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив, зашто и говорот твој те издава!“ Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: „Не Го познавам Човекот!“ И веднаш запеа петел.
Матеј 26:69-74 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Петар седеше надвор, во дворот, и една слугинка дојде при него и му рече: “И ти беше со Галилеецот Исус!“ А тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш!“ А кога излезе пред главниот влез, го виде друга и им рече на тие, кои беа таму: „И овој беше со Назареецот Исус.“ Тој пак се одрече со закле-тва: „Не го знам Човекот.“ Малку потоа му се приближија оние, кои стоеја, и му рекоа на Петра: „Навистина, и ти си од нив, зашто и твојот говор те издава.“ Тогаш почна да се проколнува и да се заколнува: „Не го знам Човекот.“