Матеј 26:26-28 - Compare All Versions
Матеј 26:26-28 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Додека вечераа, Исус зеде леб, го благослови и го раскрши. Потоа им даваше на учениците и им говореше: „Земете и јадете; ова го претставува Моето тело“. Потоа зеде чаша со вино, Му се заблагодари на Бог, им ја подаде чашата на Своите ученици и им рече: „Земете и пијте сите; ова ја претставува Мојата крв крв на Божјиот нов завет со вас крв што се пролева за простување на гревовите на многу луѓе.
Матеј 26:26-28 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови, го прекрши, и откако им го даде на учениците, рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.“ И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите.
Матеј 26:26-28 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А кога јадеа, Исус зеде леб, благослови, го раскрши и им го раздаде на учениците, и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.“ Тогаш ја зеде чашата и заблагодари, им ја даде и рече: „Пијте сите од неа, зашто ова е Мојата крв на Заветот, која се пролева за мнозина, за проштавање на гревовите.